Ноќеска се спроведе превентивна терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка.
Со првата фаза од дезинсекцијата против комарци што ја реализираше стручна екипа на Центарот за јавно здравје – Скопје се опфатени 300 хектари на локации на подрачјето на градот Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.
Третирањето се изведе со водорастворлив широкоспектарен инсектицид за третирање на комарци одобрен од Бирото за лекови.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
