„ХАЛ БАНКА“ ДОНИРАШЕ 120 САДНИЦИ – ПОСАДЕНИ НА ПОВЕЌЕ ЈАВНИ ПОВРШИНИ ВО КОЧАНИ

декември 13, 2022
0 минути

Општествено одговорната банка, Халк Банка донираше 120 садници од видот смрча и туја смаракд.

Дел од садниците денеска беа засадени во кругот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Кочани. Во денешната акција на засадување се вклучи Општина Кочани, вработените од Халк Банка и ООУ „Св. Кирил и Методиј“.

Преостанатите садници ќе бидат засадени во склоп на останатите училишта, градинки и јавни површини во Кочани.