ОСУМ НАГРАДИ ЗА ФА „ЉУПЧО САНТОВ“ ОД ОРИЗАРИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ „ДЕЦАТА ОД БАЛКАНОТ“

јуни 2, 2026
1 минути

Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари освои осум награди на 23. Меѓународен детски етнофестивал  „Децата од Балканот – со духовност во Европа“, кој се одржува во Минерални Бањи, Хасково, Бугарија од 29 мај до 1 јуни 2026 година, а на кој годинава учествуваа над 1600 учесници од Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Молдавија.

Првата возрасна категорија членови на ФА „Љупчо Сантов“ (на возраст од 5 до 10 години) го освои третото место од фолклорните ансамбли.

Специјална награда за фолклорни ансамбли од Арт Карнолски Софија освои втората возрасна категорија, членовите на ФА „Љупчо Сантов“ што се на возраст од 11 до 14 години.

Во категоријата индивидуални солисти на народни инструменти, Павел Наунов освои прво и трето место, а Лука Ангелов прво и второ место.

Павел Наунов и Лука Ангелов, кои настапија во дует  на народни инструменти го освоија првото место, а специјална награда за вокали во фолклорни групи добија Ева Јорданова, Марија Велинова, Павел Наунов и Лука Ангелов.

 

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ