ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА „КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО НА КОЧАНИ И КОЧАНСКО НИЗ ФОТОГРАФИИ“

ноември 5, 2021
1 минути

Во просториите на ЈОУ Матична Библиотека „Искра“ во Кочани отворена е изложба „Културно наследство на Кочани и Кочанско низ фптпграфии“.

Основната идеја врз која е подготвувана изложбата претставува континуираниот живот на овие простори речиси 9000 години наназад, поткрепено преку избор на дел од културното наследство прикажано низ фотографии. Концептот на изложбата како и изборот на материјал е направен од Илинка Атанасова, поголемиот дел од фотографиите се на Александар Горгиев и Љубинка Ајтовска, а употребени се и постари фотографии изработени од Стефан Атанасов.

При направениот избор акцентот, со делумни исклучоци, е ставен на движниот материјал изложен во Етнокуќата во Кочани, во двете постојани поставки – археолошка и етнолошка, кои континуирано се дополнуваат со нов материјал.

Направен е обид низ стотина презентирани предмети и објекти да се навлезе барем делумно во културната содржина на овој регион и да се визуелизираат резултати од повеќе од три децении истражувачка работа поврзана со кочанскиот регион.

Заради визуелно приближување и создавање поширока слика за регионот фотографиите следат еден хронолошки приказ, со специфики за одредени културни периоди.

Оваа хронолошка разгледница започнува навлегувајќи преку портите на урбаното кочанско јадро од минатото, од првата половина на дваесетиот век, навраќајки не се до младото камено време.

Фотопрошетката во културното минато на Кочани се заокружува со неколку фотографии од неопходните суровини во непосредното опкружување, користени од младото камено време па се до денес.

Изложбата ќе биде отворена за поединечни посетители од денес до 18 Ноември.

За организирани посети ќе договараме по најава во зависност од ковид состојбата, можно е и да не бидат дозволени.