Во организација на Карате Клуб „Башкими“ од Куманово а со техничка организација на Карате Федерацијата ба Македонија денес во Куманово се одржа Меѓународниот карате турнир „Куманово Опен 2026“.

На турнирот се појавија повеќе од 400 натпреварувачи од Македонија, Црна Гора, Србија, Турција, Косово и Албанија.
Карате Клуб „Партизан“ – Кочани на тунрирот учествуваше со пет натпреварувачи кои освоија четири медали од кои еден златен, еден сребрен и двеа бронзени.

Алексија Данева во категоријата „кумите“ родена 2015 година + 44 килограми го освои златниот медал,
Алексиа Савева во категоријата „кумите“ родена 2013 година + 55 килограми беше сребрена, додека

Дамјан Арсов, категорија „кумите“ роден 2013 година + 55 килограми и Јован арсов, категорија „кумите3 – јуниори + 76 килограми се освојувачите на бронзени медали.
Петтиот претставник на Карате Клуб „Партизан“ Ангела Данилов го зазеде петтото ,место во категоријата „кумите“ – Кадетки до 54 килограми.

Ова воедно беше и последниот турнир во оваа полусезона. Возбудувањата продолжуваат во месец Септември.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
