ДВАНАЕСЕТ ЕКИПИ НА „ПЕТРОВДЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР“

Во Спорт
јуни 18, 2022
0 минути

Како што дознаваме до вчера (Петок) дванаесет екипи се имаат пријавено да учествуваат на годинешниот Петровденски турнир во мал фудбал.

До првиот пријавен рок имало само осум екипи но подоцна се пријавиле уште четири па сега нивната бројка е дванаесет со што е исполнет предвидениот број.

Од организаторот на турнирот дознаваме дека оваа бројка е конечна и дека е предвидено во вторник да биде извршено жребувањето по групи по што во Петок (24 Јуни) турнирот ќе треба и официјално да започне.

С. Ивановски