РЕАКЦИЈА ОД УПРАВАТА НА ГФК “ОСОГОВО“ НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ЕФТИМ АКСЕНТИЕВ

Во Спорт
јули 12, 2023
1 минути

Почитувани,

По повод прес конфернцијата на досегашниот тренер на ГФК Осогово Ефтим Аксентиев како клуб сакаме да ја изнесеме и нашата страна и вистина за да јавноста има јасна слика за тоа кој ја зборува вистината бидејќи како клуб секогаш сме биле транспарентни за се што се случува во нашиот градски меленик ГФК Осогово.

Па да почнеме од почеток -Најпрво досегашниот тренер Ефтим Аксентиев нема ниту една фудбалска лиценца за да може да биде шеф на стручен штаб почнувајќи од Ц,Б,А-која е потребна за втора фудбалска лига и ПРО лиценца, а со самото ова тој не ги исполнува условите за да биде назначен за шеф на стручен штаб на ГФК Осогово, а тоа ни го отежнува и лиценцирањето на клубот за да добиеме ,,виза”дека ги исполнуваме условите како клуб за да се натпреваруваме во втората фудбалска лига. -Второ да не заборавиме дека ГФК Осогово не влезе во вторта лига како победник од бараж натпреварот кој го игравме иако имавме екипа со најскапи играчи од сите екипи кои се натпреваруваа во сите региони на Третите лиги во тековната сезона, напротив тоа од екипата на ФК Тетекс изгубивме со висок резултат (6:1) а ние како клуб влеговме по пат на ждрепка и среќата која ја имавме како клуб на таа ждрепка. -Трето кога разговараме за тоа да Аксентиев остане и понатаму шеф на стручен штаб јасно му беше предочено колкав е буџетот на клубот, условите и можностите кои ќе се доволни за нашите амбиции (опстанок во втората фудбалска лига и пласман кон средината на табелата) Му беше дадена слобода да влезе во процесот на избор на играчи да ги одреди, а ние како управа да му помогнеме во процесот на тие трансфери за да бидат донесени играчите кои тој ги посакува. -Околу условите кои беа побарани ако не беа исполнети немаше ниту да се започне со тренажен процес , а нашиот до сегашен тренер ги започна подготовките што значи се сложувал со условите кои ги има, а се нормални за клуб кој се натпреварува во втората фудбалска лига Несогласувањата со Аксентиев настанаа, откако тој има проблем со физичкото присуство на тренизите кои се попладне, бидејки два дена во неделата тој има работни обврски и истите не може да ги води, а со тоа се нарушува континутетот на работа и дисциплина на тренинзите. И покрај се ние сме му благодарни на се што има направено Аксентиев за ГФК Осогово и како играч и како тренер до сега и му посакуваме пред се професионален развој па потоа успешна тренерска кариера.

Ние како клуб вече разговараме со неколку искусни тренерски имиња и потецијални кандидати за шеф на стручен штаб на клубот, после разделувањето со Аксентиев и во наредните неколку дена ќе го објавиме името на тренерот кој ќе го предводи нашиот градски клуб во иднина додека до тогаш помошниот тренер Јоже Јованов ги одржува тренизите со нашите играчи што значи тренажниот процес не трпи во моментот.

ГФК Осогово е клуб на секој граѓанин на Општина Кочани и никој не е над клубот затоа треба заедно мотивирани да продолжиме да работиме во интерес на нашиот градски миленик.

Управа на ГФК Осогово

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ