ОСУМ УЧЕНИЦИ ОД ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – КОЧАНИ УЧЕСТВУВАА НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ШВАЈЦАРИЈА

јуни 16, 2026
1 минути

Осум ученици од нашето училиште имаа можност да бидат дел од 14-дневна интеркултурна размена во Детското село „Песталоци“ во Троген, Швајцарија. За време на престојот тие активно учествуваа во бројни едукативни и интерактивни работилници посветени на теми од големо значење за младите – човекови права, дискриминација, идентитет и стереотипи.

Учениците работеа во парови и групи, разменувајќи идеи, искуства и ставови со свои врсници од четири градови во Македонија, како и со ученици од Србија. Преку различни активности, дискусии и тимски задачи, тие ги развиваа своите комуникациски вештини, меѓусебното разбирање и почитувањето на различностите.

Интеркултурната размена претставуваше одлична можност за стекнување нови пријателства, запознавање на различни култури и градење вредности како толеранција, еднаквост и почитување на човековите права.

Стекнатите знаења и искуства учениците ќе ги пренесат и на своите соученици, продолжувајќи да ја промовираат важноста на интеркултурниот дијалог и соработката меѓу младите.

Извор: Ким Ко Инфо – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ