ФК „АТЛЕТИКО 2021“, НА ТЕРЕНОТ СИТЕ СМЕ ЕДЕН ТИМ, А НАДВОР ОД НЕГО, ЕДНО ГОЛЕМО СЕМЕЈСТВО

Во Спорт
јуни 16, 2026
1 минути

Голема детска прослава на ФК Атлетико 2021!

Кога се работи за децата, нема поделби – има само заедничка цел. ФК „Атлетико 2021“ организира заедничка прослава за околу 100 деца од повеќе од 15 села од општините Чешиново-Облешево и Зрновци.

Особено сме горди што на овој настан ќе присуствуваат и градоначалниците на двете општини Јорданчо Костадинов и Ванчо Митев.

Таму каде што почнавме со претходните градоначалници, продолжуваме со новите. Тоа е уште еден доказ дека спортот ги поврзува луѓето и дека иднината на децата е вредност околу која сите можат да се обединат.

Нашиот клуб веќе неколку години покажува дека фудбалот не познава граници, поделби или разлики. На теренот сите сме еден тим, а надвор од него едно големо семејство.

100 деца. 15 села. 2 општини. Една заедничка приказна. Благодарност до сите родители, поддржувачи и пријатели на клубот кои се дел од оваа успешна приказна.

ФК „Атлетико 2021“ е клуб кој ги обединува децата од целиот регион!.

ФК „Атлетико 2021“

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ