Традицијата и годинава продолжи, откако на заедничка маса седнаа претставници од градежните фирми, стовариштата, занаетчии и сите останати учесници од областа на градежништвото во Кочани.
По тој повод тие испратија Соопштение во кое се вели:
„И годинава на иницијатива на Градежниот инспектор Николчо Гоцев од Кочани, продолжена е традицијата каде што се прави заедничка предновогодишна средба на сите градежни фирми, стоваришта, занаетчии и останати учесници во областа на градежништвото од Кочани, каде што се разменуваат различни искуства. Среќни празници“.