ПРЕТСТАВНИЦИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ОД АМБАСАДАТА НА ШВАЈЦАРИЈА ВО ПОСЕТА НА КОЧАНИ

јуни 17, 2026
1 минути

Претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Амбасадата на Швајцарија, Фармахем, Општина Кочани, КЈП „Водовод“ и ЈП Национални шуми, остварија работна средба во Кочани, посветена на согледување на актуелните состојби, предизвиците и можностите за понатамошен развој во областа на животната средина и инфраструктурата.

Со градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, се разговараше за тековните потреби и можните решенија за надминување на постојните предизвици, со посебен акцент на водоснабдувањето, одведувањето и пречистувањето на отпадните води.

Градоначалникот Владко Грозданов, заменик-министерката за животна средина Ане Лашкоска и претставниците на институциите ја посетија Пречистителната станица за отпадни води во Мојанци и Инфо-центарот на Пониква – проекти реализирани со финансиска поддршка од Швајцарија.

При посетата на Пониква беше отворена и дискусија за идниот развој на ова подрачје, при што беше истакната визијата за негово позиционирање како современ туристички центар, со одржлив пристап и соодветна инфраструктурна поддршка.

Учесниците ја нагласија важноста од меѓуинституционалната соработка и продолжување на партнерските активности за подобрување на условите за живот и создавање одржливи решенија за развој на општината.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ