ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА НА АВТЕНТИЧНИ ДРЕСОВИ, ПОСВЕТЕНА НА АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ И НА АНГЕЛИТЕ НАСТРАДАНИ ВО ТРАГЕДИЈАТА

јуни 22, 2026
0 минути

Како дел од проектот „Преземање изложби за  2026 година“ кој е финансиран од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, вечерва во „Фоаје 2“ во НУ ЦК „бели мугри“ – Кочани беше отворена изложба на автентични дресови, посветена на Андреј Лазаров и настраданите во трагедијата пред повеќе од една година.

На изложбата беа поставени повеќе од 50 дресови сопственост на Николчо делов од Кавадарци кои му биле со години подарувани од наши познати фудбалери и кошаркари.

Изложбата за прв пат е поставена во Кавадарци а вечерва и во Кочани и истата е посветена на Андреј Лазаров сега фудбалската легенда, и се додека легендите се присутни во нашите разговори тие вечно ќе живеат.

На изложбата присуствуваа голем број на членови од семејствата на настраданите во трагедијата а Горан Лазаров татко на Андреј се заблагодари на организаторите на изложбата и потсети дека ваквите настани придомесуваат за зачувување на споменот на Андреј а и на останатите настрадани во трагедијата.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ