ЧЕТИРИ ИГРАЧИ ОД МИНАТОТО ПРВЕНСТВО НЕМА ДА БИДАТ ДЕЛ ОД РОСТЕРОТ НА „ОСОГОВО“

Во Спорт
јуни 24, 2026
1 минути

Шпекулациите за масовното заминување на играчите од „Осогово“ според наши извори не се ни малку точни.

Точно е дека со некои играчи клубовите преговараат, но сега засега од нивно заминување нема ништо.

Како што сме информирани од „Осогово“ точно е дека досега четири играчи не се повеќе дел од клубот и дека во наредното првенство нема да бидат дел од ростерот на тренерот Крсте Крстев.

На Стојанчо Велинов и на Христијан Митревски договорите им завршија и тие сега се слободни играчи исто како и Мако Соколов и Никола Стоиловски кои во договор со челните луѓе на клубот нема од есеноска да го носат „жолто-синиот“ дрес.

Но преодниот рок кој е во тек и годинава ќе трае до 05. Септември е доволно време голем број играчи од повеќето клубови да останат или да заминат од своите средини.

Неофицијално дознаваме дека подготовките на „Осогово“ за следното првенство во Втора Фудбалска Лига ќе започне кон средината на месец Јули.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ