ДАРИЈАН ПАВЛЕВ ЌЕ УЧЕСТВУВА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ У-15 ЗА МОМЧИЊА И ДЕВОЈЧИЊА

Во Спорт
јули 4, 2023
1 минути

Даријан Павлев, моментно еден од најталентираните борачи на „Спартак“ од Кочани, вечерва како член на Македонската репрезентација во борење заминува за Капошбар (Унгарија) каде од 06-09 Јули ќе се одржи Европското првенство во борење У-15 за момчиња и девојчиња.

Тренерот на репрезентацијата Мијалче Ангелов ќе се обиде со екипата која брои две девојчиња и осум момчиња да дојде до некој медал што многу ќе им значи на овие млади борачи/ки.

Даријан ќе се натпреварува во категоријата до 57 килограми. Ова инаку ќе биде втор негов настап на едно големо натпреварување откако на Балканското првенство во Серез (Грција) дозволи при сигурно водство во последните секунди да го загуби бронзениот медал.

„Европското првенство за мене претставува голем предизвик. Напорно работев речиси до вчера и се надевам дека со добар ждреб ќе влезам во борбата за медал. Грешката што ја направив во Серез на балканијадата за мене е големо школо. Се надевам дека ако дојдам во иста ситуација ќе постапам поинаку. Но да ја почекаме ждрепката па потоа да размислуваме. Во оваа прилика сакам да упатам една голема благодарност до сите компании кои ми овозможија да соберам средства за да учествувам на овој голем настан“ ни изјави Павлев пред неговото заминување за Капошвар.

Му посакуваме добар ждреб и добри борби а зошто не и медал за овој доста надарен и преди се упорен млад борач.

Епа, среќно Даријан.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ