Црвен крст на Р.С. Македонија – Општинска организација Кочани ја реализираше редовната јунска крводарителска акција.
На акцијата крв даруваа 34 крводарители од кои 8 млади лица.

Акцијата е седма што ја спроведува Црвен крст Кочани во тековната година и истата се одржа со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Штип.
Граѓаните може да даруваат крв секој последен четврток во месецот во Црвен крст Кочани или секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина во кочанската болница.

Црвен крст – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
