СЕ ОДРЖА ЈАВНА РАСПРАВА ПО ДУП ЗА ГРАДСКА ЧЕТВРТ 17 – КОЧАНИ, 7 ЈУЛИ Е КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ АНКЕТНИ ЛИСТОВИ’

јуни 30, 2026
1 минути

Денеска, во салата на МКЦ во Кочани се одржа повторна јавна презентација по Деталниот урбанистички план за Градска четврт 17, Општина Кочани, плански период 2017 – 2027, предлог-план со технички број 0801-108/17 од мај 2026 г., со површина 46,43 ха, изработен од ДТУ БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје.

Планскиот опфат е дефиниран со следните граници:

од север – по осовината на ул. „Тодосија Паунов“;

од исток – по западна граница на КП 1961/7, КП 1961/5, КП 1961/6, КП 1921 и КП 1918 КО Оризари;

од југ – по осовината на ул. „Новопланирана 5“ и продолжува по осовината на индустрискиот колосек;

од запад – по осовината на ул. „Тодосија Паунов“.

До 7 јули 2026 год. трае рокот за повторна јавна анкета по Деталниот урбанистички план за Градска четврт 17, до кога заинтересираните физички  и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози  на анкетни листови, во писмена форма,  кои можат да ги подигнат  во архивата во општинската зграда,  од веб-страницата на Општина Кочани  или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на  анкетните листови граѓаните треба да достават и копија од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.

Графичкиот  прилог   од урбанистичкиот план  е  изложен  на   огласната  табла    во Општина Кочани, на веб-страницата на Општината:  а подетални информации во врска со урбанистичкиот план  можат да се добијат во Одделението за урбанизам и заштита на животна средина, на првиот кат во општинската зграда.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ