Само пред две седмици Општина Кочани спроведе активности за санација и обновување на урбаната опрема низ градот.
Скршените делови од клупите беа заменети со нови, а опремата беше освежена и повторно ставена во функција. Но, и покрај вложениот труд и средства, несовесно однесување предизвика нови оштетувања на повеќе локации.

Службите за комунални дејности извршија увид на терен и повторно интервенираа и ги поправија оштетените клупи.
Општина Кочани апелира до сите граѓани одговорно да се однесуваат кон јавниот простор, затоа што зачувувањето на урбаната опрема е заедничка одговорност. Само со грижа и почит кон заедничките добра можеме да создадеме поуредна, почиста и попријатна средина за сите.

Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
