По иницијатива на Македонската заедница во Хрватска и д-р Бојан Игнатовски, градоначалникот на Градот Дарувар, Дамир Лненичек и градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов потпишаа меморандум за соработка меѓу двете локални самоуправи.
Со овој меморандум се воспоставува основа за поинтензивна соработка во сите области од заеднички интерес во надлежност на локалните самоуправи, преку размена на искуства, развивање партнерски односи и реализација на заеднички активности и проекти.

На средбата беше истакнато дека поврзувањето на локалните заедници и унапредувањето на пријателските односи претставуваат значајна основа за создавање нови можности за соработка што ќе придонесат за развојот и напредокот на двете средини.
Потпишувањето на меморандумот претставува значаен чекор кон натамошно продлабочување на меѓусебните односи и отвора можности за конкретни заеднички иницијативи во наредниот период.

Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
