На 01.07.2026 во 19:45 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани лишија од слобода 16-годишник од Кочани. При сообраќајна контрола на улица „Доктор Николиќ“ во Кочани бил сопрен мопед со кочански регистарски ознаки, управуван од малолетникот и по преземени мерки и извршени проверки било
констатирано дека мопедот го управувал пред да се стекне со право на управување и во улица за еднонасочен сообраќај во спротивен правец. За настанот е известен јавен обвинител, а мопедот бил одземен. По целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.
Известување од СВР Штип
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
