ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ЧЕТИРИ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ

декември 20, 2021
0 минути

На 19.12.2021 во 19.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на магистралниот пат Штип–Кочани, кај с.Уларци, патничко моторно возило „фиат уно“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.М.(40) од с.Чифлик, општина Сопиште, излетало од патот.

0Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со телесни повреди се здобил возачот, сопатникот Р.Т.(72) од с.Стајковци и уште еден малолетен сопатник, констатирани во Јавна здравствена установа Кочани.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР