Со натпреварот „Соколарци – Теранци стартуваше годинешното 54-то издание на Илинденските Спортски Игри „чешиново 2026“.
Фолклорниот Ансамбл „Китка“ од Истибање со сплет на Македонски народни ора го навести настанот.

По интонирањето на химната на Република Македонија Градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево Јорданчо Костадинов во своето обраќање ги поздрави екипите и посетителите, на сите екипи учесници на игрите им посака фер и коректна игра со желба да победи најдобриот за да потоа 54-тото издание на Илинденските Спортски Игри „Чешиново 2026“ го прогласи за отворено.

Првиот натпревар Соколарци-Теранци заврши со победа на Соколарци од 4:2 (2:2) кој воедно навести интересен и ефикасен фудбал.




С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
