НА ПЕТРОВДЕН, ОСВЕТУВАЊЕ НА КРСТОТ НА КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ „НАЦИОНАЛ“ ВО КОЧАНИ

јули 11, 2026
0 минути

За утре на големиот празник Петровден, празникот на Кочани закажано е осветувањето на крстот што е поставен на кружениот тек кај Хотел „Национал“ а е во чест на децата кои настрадаа во пожарот на дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Чинот на осветување ќе биде по завршувањето на Светата архиерејска литургија  која ќе започне во 8:00 часот во храмот „Св. великомаченик Георгиеј“ со која ќе чиноначалствува Митропочитот Брегалнички г. Иларион.

Осветувањето на крстот е закажано за 10:30 – 1100 часот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ