ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ

декември 30, 2022
1 минути

Почитувани Корисници,

Во рамките на проектот Пречистителна станица за отпадни води во Кочани финансиран со донација од Владата на Швајцарската конфедерација, како една од обврските на КЈП Водовод – Кочани, е годишно ажурирање на базата на корисници во делот на локации (индивидуални или станбени објекти) на кои не се живее (сопственикот со семејството живее во странство, во некој друг град во нашата држава или поседува станбен објект а живее на друга локација) подолго од една година.

Се замолуваат сите Корисници на комунални услуги кои имаат вакви објекти во општина Кочани, да поднесат Барање за промена на статусот на локацијата најдоцна до 28.02.2023 година, заедно со потпишана Изјава и потребните придружни документи наведени во документот Барање.

Документите (Барањето и Изјавата) можат да се добијат во писмена форма во Центарот за односи со корисниците на КЈП Водовод Кочани или да се симнат од веб страната на КЈП Водовод www.vodovodkocani.com.mk .

Барањето со пропратните документи (наведени во истото), може да се достави лично во просториите на Центарот за односи со корисниците на КЈП Водовод Кочани (кој се наоѓа веднаш до канцелариите на Здружението на пензионерите), или по електронски пат да се достави скенирана верзија од сите потребни документи на емаил адресата : korisnici@vodovodkocani.com.mk.

Оние Корисници кои нема да достават Барање до 28.02.2023, или на кои Барањето ќе им биде непотполно, ќе бидат ажурирани како редовни корисници на кои ќе им бидат фактурирани сите комунални услуги секој месец (почнувајки од Март 2023 година).

ВАЖНО: Обврската важи и за Корисниците кои имаат претходно поднесувано и одобрено Барање и станува редовна Годишна обврска на овие Корисници!

Со почит,

КЈП Водовод Кочани