Како што дознаваме кај кружниот тек во близина на „Национал“ сообраќајот е во прекин и тоа на периоди.
Причината е излеана нафта на самиот коловоз. Не информираат дека камион излегувајќи од индустриската зона нагазил на решетката која е паралелна со рабниците, истата отскокнала, удрила во резервоарот за гориво, го пробила и нафтата се излеала.

Моментно врз излеаната нафта се фрла песок и пилевина за да биде упиена а потоа отстранета од коловозот. Додека се чека додатна количина на песок сообраќајот се пушта а возачите се предупредуваат на внимателно возење за да не дојде до лизгање на коловозот.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
