„ОСОГОВО“ СО ПОРАЗ ГИ ПРОДОЛЖИ ПОДГОТОВКИТЕ

Во Спорт
јули 25, 2026
1 минути

Во вториот подготвителен натпревар како дел од подготовките за есенскиот дел во Втората Фудбалска Лига, денес во кочани на стадионот „Никола Мантов“ „Осогово“ загуби од новиот второлигаш „Еуромилк“ со резултат 1:2 (0:1).

Во првото полувреме гостите беа поквалитетен тим, повеќе ја имаа топката во нозете, почесто напаѓаа но речиси без некоја посериозна шанса за гол. Сепак во 35’ по една добро одиграна акција гостите со евро-гол го отворија резултатот со кој се замина на одмор.

Во второто полувреме двајцата тренери извршија повеќе измени што резултираше со подеднаква игра од вете екипи а домаќините беа тие кои во два наврата не го израмнија резултатот. За тоа беа казнети кога на половина час до крајот на натпреварот гостите постигнаа и втор погодок.

Но во 75’ домаќините намалија на 1:2 со што беше поставен конечниот резултат.

До почетокот на првенството остануваат уште три седмици, доволно време тренерите да ги отстранат недостатоците во играта на своите екипи.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ