САБОТА, 25 ЈУЛИ – СВЕЧЕН КОЊИЧКИ МАРШ НИЗ КОЧАНИ

јули 24, 2026
1 минути

Здружението „Кочанска коњаница – Осоговски Елит“ во соработка со Битолската коњаница „Галоп“, ја организира културно-историската манифестација „Илинденски коњанички собир“ – Кочани 2026.

Свечениот коњички марш ќе појде в сабота, на 25 јули, во 8:45 ч. од источната страна кај Градскиот стадион „Никола Мантов“ (откај тениските терени), па ќе продолжи низ Стришани и ќе се упати кон  Алејата на ангелите во Градските гробишта во Кочани, каде  што коњаниците ќе положат цвеќе на загинатите младинци во „Пулс“. Потоа ќе продолжат кон плоштадот до Градскиот парк, каде што ќе се одржи пригодна културно-уметничка програма.

Коњичкиот марш  ќе го реализираат десетина учесници од кочанската и битолската коњаница, чија маршрута ќе заврши во Крушево, на Мечкин Камен.

Настанот што се реализира со поддршка од Општина Кочани има за цел да  ја негува македонската традиција, да оддаде почит на илинденците и да го промовира Кочани како град што ги почитува својата историја, култура и национални вредности.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ