Само ние неколку пати објавивме за проблемот што го има КЈП „Водовод“ – Кочани, ама како за инает не сакаат и не сакаат да го решат. До нас стигнаа информации дека со овој проблем е запознаен и „градскиот татко“ но тој никако не сака да се замери со другарот кој е в.д. директор на комуналното претпријатие.
И додека тие сите бараат начин како подлабоко да бркнат во џебовите на жителите на Општина Кочани, пивката вода за пиење и понатаму ќе извира и ќе го разладува асфалтот на улицата „Димитар Влахов“.
Можеби со ваквите писание веќе им здосадивме на читателите, но тоа е проблем кој треба сите да не засега.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
