ИСКРШЕНИ РЕШЕТКИ И ЛОШОТО ОДРЖУВАЊЕ НА УЛИЦИТЕ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ПРОБЛЕМИ ЗА ВОЗАЧИТЕ

август 7, 2023
0 минути

Зачестија поплаките од учесниците во сообраќајот посебно возачите за проблемите со кои секојдневно се судруваат додека возат низ улиците во градот.

Како што не известуваат најголемиот проблем им претставуваат искршените и неквалитетно изработени бетонски решетки, незакрпените улици а и многуте нерамнини на улиците.

„Срамота е да се живее во населено место кое се вика град а да е се наопаку на поголемиот број на улици. Ви доставувам фотографии на кои се гледаат две оштетени гуми од моето возило кои се последица на незакршените дупки по улиците а и лошите бетонски решетки. Штетата е направена, но за да не се продолжи потребно е некој да се замисли и она што му е во домен на работните задачи да си ги извршува навреме и квалитетно. Вака само штети ќе имаме посебни ние возачите“ беше изјавата на еден наш сограѓанин.

Токму фотографиите зборуваат за се.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ