ПРЕВЕНТИВНА АКЦИЈА: СО ТРОТИНЕТ И ВЕЛОСИПЕД СЕКОГАШ ВОЗИ БЕЗБЕДНО И СПОРЕД ПРАВИЛАТА

август 6, 2026
0 минути

Во насока на унапредување на сообраќајната култура и зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Општина Кочани и ОВР Кочани реализираа превентивна акција под мотото „Со тротинет и велосипед секогаш вози безбедно и според правилата“.

Во рамките на акцијата, екипи на терен им поделија едукативни летоци на возачите на лесни електрични возила и на велосипедистите. Летоците, подготвени од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, содржат практични совети и препораки за безбедно и одговорно учество во сообраќајот.

Сообраќајните служби потсетуваат дека Градскиот парк е пешачка зона, па лесните електрични возила и велосипедите треба да се буткаат, а не да се управуваат.

Целта на ваквите превентивни активности е да се подигне свеста кај граѓаните за почитување на сообраќајните правила, правилно користење на велосипедите и електричните тротинети, како и намалување на ризикот од сообраќајни незгоди. Со едукација и навремено информирање се придонесува кон создавање побезбедна сообраќајна средина, развивање одговорни навики кај учесниците во сообраќајот и заштита на животот и здравјето на граѓаните.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ