Во склоп на манифестацијата „Славење на меѓународниот ден на литературата за деца, Другарувањето со книгите ни е песна – Фестивал на децата книгите и музиката“, денес на последниот ден од чествувањето во просториите на Библиотека „Искра“ беа отворени две изложби.
Едната изложба беше на творби од корисниците на дневниот центар на лица со интелектуална и телесна попреченост при ЈУМ „Центар за социјални работи“ – Кочани и втората на творби на учениците од Училиштето за цртање и сликање при НУ Центар за култура „Бели Мугри“ од Кочани.
С. Ивановски