ФИЛИП СТОЈАНОВ СИ ИЗБОРИ МЕСТО ЗА НАСТАП НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

април 17, 2022
1 min read

Филип Стојанов член на Карате Клубот „Партизан“ од Кочани се избори за учество на Европското првенство како член  на Карате Репрезентацијата на Македонија.

Во текот на вчерашниот ден на Државното првенство за деца, кадети јуниори и У-21 што се одржа во Гостивар Стојанов во категоријата до 63 килограми го освои третото место, и се избори за денешниот фајнал-фор каде се натпреваруваа првите четворица во секоја категорија.

Од Гостивар пристигна убава вест дека Филип Стојанов денес имал извонреден настап, ги победил своите противници и го освои првото место во неговата категорија, до 63 килограми.

Со освојување на првото место Филип Стојанов како член  на Карате  Репрезентацијата Македонија ќе замине на Европското првенство кое во месец Јуни ќе се одржи во Прага (Чешка).

Честитки за Филип.

С. Ивановски