НАТАЛИЈА КАРОВА ВТОРОПЛАСИРАНА, НЕ УСПЕА ДА ОБЕЗБЕДИ УЧЕСТВО НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

Во Спорт
ноември 11, 2023
1 минути

Денес во Скопје, во општина Бутел се одржаа плеј офф натпреварите на првопласираните четворица каратисти од секоја категорија кои минатиот викенд  се изборија на „Државно првенство во карате за кадети, јуниори и помлади сениори У-21“. Победниците од денешните плеј офф натпревари обезбедуваа директно учество на претстојното Европско првенство.

Од Карате Клубот „Кочани“ се надеваа дека Наталија Карова денес ќе успее да се искачи на највисокото место на пиедесталот и со тоа ќе обезбеди учество на Европското првенство, но и покрај добиените две борби сепак за пет поени не успеа да биде победник во категоријата до 48 килограми па на крајот сепак се задоволи со пласман на второто место.

„Денес сите наши надежи беа свртени кон настапот на Наталија Карова. Но и покрај двете победи таа не успеа, заврши како втора и со тоа не обезбеди пласман за Европското првенство. Но сепак како утеха ни останува што на балканското првенство кое ќе се одржи во Љубљана, Република Словенија ќе имаме двајца претставника од нашиот клуб, Наталија Карова и Иван Арсов“ беше изјавата на тренерот на Карате Клуб „Кочани“ Игор Каров.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ