ПРОЕКТ „SAVE 4 WASTE“ ОД ПРОГРАМАТА НА ЕРАЗМУС +

април 26, 2022
1 минути

Во период од 31.03.2022 год. до 01.04.2022 год. претставници од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани присуствуваа на првиот транснационален состанок во врска со проектот „Save 4 Waste“ од ЕРАЗМУС + програмата , на кој учество зедоа вклучените невладини организации и основни училишта од РС. Македонија, Р. Бугарија и Р. Грција.

На овој состанок секој од учесниците се претстави со презентација на училиштето и градот од кој доаѓа учесникот во проектот. По меѓусебното запознавање, од страна на координаторот на проектот се пристапи кон објаснување на правилата и активности кои ќе се спроведуваат како дел од овој проект и се договори временскиот период во кој ќе се реализираат активностите кои следуваат.

Проектот се однесува за заштита на животната средина и нејзино зачувување.

Овој проект има за цел да обезбеди темелни и конкретни знаења и ресурси за управување со отпадот од храна, добри практики, особено во училишните заедници, во насока на добро справување со значајниот проблем со загубата на храна.

Во исто време, проектот ќе овозможи зближување на наставниците од различни региони, размена на искуства и знаења, со што истите ќе имаат можност да ја подобрат наставната практика преку имплементирање на нови стратегии и образовни методологии на претходно споменатата тематика.

Преку овој проект, наставниците, учениците ќе ја подигнат свесноста за управувањето со отпадот од храна и ќе ја искористат можноста да ги надградат своите вештини, развивајќи знаења и компетенции за управување со отпад.

Како дел од проектот, ќе се изготви стратегија за одржливо управување со отпадот во училиштата.