ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – КОЧАНИ – НОВ ПРОЕКТ ЗА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ

март 18, 2023
1 минути

ООУ „Никола Карев“ – Кочани започна со нов проект кој е во соработка со наставниците по физичко и здравствено образование,наставничката по ликовна уметност и училишниот дефектолог а е наменет за деца со посебни образовни потреби.

„Од денес па се до завршувањето на учебната година секоја (сабота од 10:00 до 11:00 часот ) ќе се одржуваат бесплатни часови за физичка активност за овие деца се со цел преку овие физички активности да им помогнеме да ги совладуваат своите секојдневни потреби и сами да си ги извршуват своите работни задачи“ изјавија од „ООУ Никола Карев“ – Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ