ОДРЖАНА СРЕДБА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „МАЛИ ЛУЃЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ“

Во рамки на проектот „Little People for Big Changes“- ERASMUS +, во присуство на гости партнери од Републиките Шведска, Италија, Романија, Турција и Грција, заедно со домаќините ЈОУДГ „Павлина Велјанова“, денеска во просториите на салата за состаноци на хотел „Амор“ беше одржана меѓусебна средба.

Целта на активноста е да се разменат меѓусебните искуства со соработниците и партнерите за сите позитивни практики во однос на создавањето на здрави навики кај децата од предучилишна возраст, за здравиот начин на живот, здравата исхрана и чиста околина.

На денешниот настан свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, којшто ги поздрави гостите и присутните и ја истакна поддршката во однос на сите проекти и активности наменети за најмладите жители на нашиот град.