ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКАТА, „ОСОГОВО“ САМО СО ДВЕ ПОБЕДИ ВЛЕГУВА ВО ЕДИНСТВЕНАТА ВТОРА ЛИГА

Во Спорт
мај 3, 2022
0 минути

До крајот на првенството во Втора Фудбалска Лига – Исток остануваат да се одиграат уште две кола по кое се ќе се знае, а дотогаш ќе работи математиката и за екипите што испаѓаат и за шампионот како и за патникот во бараж натпреварот.

По петте едноподруго порази „Осогово“ се најде во незавидна положба на табелата, но кога ќе се погледне пласманот на екипите пред неа јасно е дека „Осогово“ останува второлигаш само под услов да ги добие двете средби што според имињата на противниците и е реална опција.

Освен веќе изпаднатите „Локомотива“ и „Братство“ третиот патник се бара помеѓу екипите: „Осогово“, „Детонит јуниор“ и „Пехчево“.

„Осогово“ (27) – „Детонит јуниор“ (дома), „Братство“ (гостува)

„Детонит јуниор“ (30) – „Осогово“ (гстува), „Каменица.Саса“ (дома)

„Пехчево“ (30) – „Победа“ (гостува), „Локомотива“ (дома)

Ако осогово ги освои сите шест бода што е реалност а „Детонит јуниор“ и „Пехчево“ извојуваат по една победа, тогаш сите би имале по 33 бода а „Осогово“ како прв на таа меѓусебна мини табела (се земаат меѓусебните натпревари) останува второлигаш а друштво ќе му прави и „Детонит јуниор“ кој е подобар во меѓусебните средби со „Пехчево“.

Се друго за кочанчани освен две победи ги води во понизок ранг на натпревари, односно во Трета фудбалска лига.

Интересно е борбата и за првите две места. „Слога 1934“ која љубоморно го чуваше врвот на табелата не успеа како домаќин да ја совлада „Каменица Саса“ и сега е во потрга по второто место.

„Победа“ (56) – „Пехчево“ (дома), „Слога 1934“ (гостува)

„Слога 1934“ (55) – „Беласица“ (гостува), „Победа“ (дома)

„Беласица“ (53) – „Слога 1934“ (дома), „Кожуф“ (гостува).

Веселата математика е сцена. Дали во следното коло кое се игра во сабота се ќе биде познато или ќе се чека последното коло (14 мај) кога веселата математика ќе биде завршена.

С. Ивановски