Во организација на Фолклорниот Ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари а по повод верскиот празник „Ѓурѓовден“, од 5-8 Мај ќе се одржи 09-тото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Традиционални Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“.
Годинешната манифестација опфаќа одржување на концерти во Оризари и Село Видовиште (Општина Зрновци) на кои ќе земат учество околу 700 учесници од Македонија, Србија и Црна Гора.
Во прилог е програмата од фестивалот.