Утре (Сабота) со почеток во 17:00 часот се играат натпреварите од 27 коло со што ќе биде спуштена завесата на годинешното првенство во Втора Фудбалска Лига – Исток.
Екипата на „Осогово“ гостува на „Братство“ и се надева на победа, но со мислите и играчите и Стручниот штаб ќе бидат во Пехчево и во Радовиш каде ќе чекаат да се случи чудо за да останат второлигаши. „Жетварите“ минатото коло ја испуштија првата меч топка па сега се надеваат тие тоа што не успеаја да го направат, друг да им помогне. Но надежта последна умира.
Во Виница се игра дерби на колото каде „Слога 1934“ го пречекува новиот прволигаш „Победа“ и ќе биде во исчекување на резултатот од Гевгелија каде доколку „Беласица“ не победи а тие ги совладаат прилепчани „Слога 1934“ ќе го играат бараж натпреварот за влез во Првата Фудбалска Лига.
Двојки за 27. коло:
„Братство“ – „Осогово“
„Слога 1934“ – „Победа“
„Детонит јуниор“ – „Каменица Саса“
„Пехчево“ – „локомотива“
„Кожуф“ – „Беласица“
С. Ивановски