За време на викендот Спортскиот Клуб „Академија Тошев“ од Оризари учествуваше на Меѓународниот Фудбалски Турнир „Чика Цоне“ што го организираше ФК „Космет“. На турнирот „Академија Тошев“ пријави две генерации 2009 и 2013.
Во првата група освен „Академија Тошев“ учествуваа и екипите „Грачаница“, „КМФ Рашка“ и „Колашин“ додека во втората група беа екипите на „Јуниорс“, „Космет“, „Ропотово“, „ДМФ Косовска Митровица“ и „Рудар“.
Генерацијата 2009 не ја помина групата, додека генерацијата 2013 загуби во 1/4 финалето од домаќинот „Космет“ откако претходно во групата остварија две победи совладувајќи го најпрвин „КМФ Рашка“ со 1:0 а потоа и „Колашин“ со 3:1.
Иако пласманот е под очекувањата сепак ова е едно големо искуство за младите играчи на „Академија Тошев“.
С. Ивановски