ПРОМОЦИЈА НА СТИХОЗБИРКАТА „НЕКОГАШ НЕКАДЕ“ ОД ЈАНЕ АТАНАСОВ

мај 18, 2022
1 минути

Вечерва во просториите на ЈО Библиотека „Искра“ во присуство на роднини и пријатели и секако љубители на убаво напишаниот збор беше промовирана стихозбирката „Некогаш Некаде“ чиј автор е Јане Атанасов.

Свое обраќање пред присутните имаше м-р Љупка Стојменова, која е промотор на книгата, а извадоци од стихозбирката читаа ученици од училиштата во Кочани.

С. Ивановски