На вчерашниот состанок на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Чешиново Облешево, во присуство на голем број членови и симпатизери, на пригоден начин се изврши примопредавање на функцијата претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Чешиново Облешево. Досегашниот претседател и актуелен градоначалник на општина Чешиново Облешево Далибор Ангелов, се осврна на досегашното успешно работење и му посака плодна и успешна работа на новоизбраниот преседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Чешиново Облешево Јорданчо Костадинов.
Новиот претседател на ОК во своето обраќање пред присутните се заблагодари на сите поранешни преседатели и се обврза дека ќе се заложи во целост да ја оправда довербата од преседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски,и ќе го употреби целокупниот свој интелектуален капацитет и со посветена, чесна и професионална работа ќе допринесе за уште многу големи победи за ВМРО-ДПМНЕ на локално и државно ниво.
ОК на ВМРО ДПМНЕ
Чешиново-Облешево