ОК НА ВМРО ДПМНЕ – ЗА СМЕШНИТЕ ПРЕСОВИ НА СДСМ

октомври 29, 2021
0 минути

Почитувани сограѓани,

Сведоци сме на секојдневно лажење и манипулации од страна на власта.

Тие сеуште живеат во светот на опозиција а веќе неколку години се власт. Затоа веќе е време и таму да се вратат.

Имено, токму сопругата на помилуваниот криминалец, осуден и помилуван за злосторничко здружување и лихварство во случајот “Детонатор”, и новоизбрана советничка од СДСМ, вчера одржа прес во Кочани во кој се обелоденуваат информации за следење на партиски противници, поранешни функционери, пратеници и советници од ВМРО ДПМНЕ а се со цел заплашување на граѓаните на Кочани!

Кога се работи за криминал, корупција, Луј Витон чанти, матни бизниси, тогаш СДСМ се во полн сјај…

Да не ве чуди ,,храброста” на СДСМ, со која се оди во крајност, за криминал да зборуваат баш тие…

ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани