„КОЧАНИ Е КАКО ЧЕРНОБИЛ“ – ГЕРИЛА АКЦИЈА НА КОЧАНСКИТЕ ЕКОЛОГИСТИ

мај 22, 2022
0 минути

Кочански екологисти, членови на Иницијативата за чист воздух во Кочани денес спроведоа герила акција пред Локалната самоуправа на Кочани, за да го искажат незадоволството на граѓаните на Кочани поради повторното чадење на Градската депонија над Кочани.

Пред зградата на Локалната самоуправа тие поставија инсталација од црни стебла од сончоглед и рентгенски снимки од оштетени органи за дишење. Преку уметнички перформанс граѓаните го искажаа незадоволството од повторното чадење на депонијата и фабриката „Пејпар Мил“.

Кочани е како Чернобил, покрај загадувањето од „Пејпар Мил“ од пред некој ден интензивно гори Градската депонија. Ги повикуваме градоначалникот Љупчо Папазов и директорот на КЈП „Водовод“ Иван Иванов да преземат мерки во гасењето на депонијата која е во нивна надлежност. Во Кочани повеќе не се живее од загадувањето, оваа инсталација ќе биде бренд во градот за неажурноста во справувањето со загадувањето, истакна Горан Лефков, граѓански активист.

Герила акцијата на кочанските екологисти доаѓа по повторното чадење на Градската депонија над Кочани. Пред две недели протест со уметнички перформанс организираа и пред Државниот инспекторат за животна средина, а како повод за тоа беше фабриката „Пејпар Мил“.

ИЗВОР: !Гласно.мк“