ПИНГПОНГАРИТЕ НА „КОЧАНИ“ СЕ НАШИТЕ СПОРТСКИ ХЕРОИ

Во Спорт
мај 22, 2022
0 минути

Најубавата спортска вест која што одамна ја немаме добиено денес пристигна од Малешевијата.

Пингпонгарите на „Кочани“ во бараж натпревар за влез во Супер Пингпонгарската Лига на Македонија денес во Берово ја совладаа екипата на „Радовиш“ со 4:2 и од денес се новите супер лигаши.

Тројцата величествени од Кочани, Славко Ефремов, Сашко Тодосиев и Зоран Христов чија просечна старост е 53 години покажаа дека во овој спорт нема стари и млади, туку вредни истрајни и секогаш желни за успех.

Респект наши сограѓани. Ние лично се гордееме со Вас а за другите не можеме да гарантираме.

Вие денес направивте да веруваме дека во спортот кога се сака се сé може, само треба да се има трпение и многу работа.

Лично се надеваме дека ако ништо друго градот преку следната распределба на средства од Буџетот ќе знае да го цени овој успех

Одиме понатака

С. Ивановски