Поставувањето на нов асфалтен слој на улицата „Раде Кратовче“ и после скоро една година за жал уште нема, но затоа пак тука се дождовите и некогаш малите кратери на улицата да ги направат многу поголеми и подлабоки.
Асфалтот на споменатата улица е одамна изгребан и секоја седмица се чека поставување на нов асфалтен слој, и додека жителите на оваа доста прометна улица го чекаат новиот слој природата си тера по свое.
Вчерашниот силен дожд ги продлабочи и онака не малите кратери, го отстрани и оној сосема мал заштитен слој над тампонот па сега се стравува дека секој нареден дожд ќе го однесе и тампонот па ќе мора работата на оваа улица и те како да се оддолжи.
Работата е доста сериозна, па надлежните ќе мора да се замислат дали одолговлекувањето со новиот асфалтен слој ќе им се исплати или пак ќе мора да се одделат поголеми финансиски средства за да се подготви за она што е планирано.
С. Ивановски