ВО САБОТА ЗАПОЧНУВА 50 ИЗДАНИЕ НА ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ, „ЧЕШИНОВО 2022“

Во Спорт
јули 5, 2022
1 минути

Во Сабота  (09.07.2022 година) со почеток во 18:00 часот закажан е почетокот на годинешното јубилејно 50 издание на Илинденските Спортски Игри, „Чешиново 2022“.

За годинешниот турнир несомнено еден од најстарите можеби и на Балканот своето учество го имаат пријавено 14 екипи од кои во групите „1“ и „4“ ќе учествуваат по четири екипи, додека во групите „2“ и „3“ ќе учествуваат по три екипи.

Пред да се одигра првиот натпревар „Чифлик“ – „Бање“, организаторот на турнирот се погрижи свеченото отворање да биде проследено со пригодна културно-забавна програма.

Финалниот турнир традиционално ќе се одигра на еден од најголемите Македонски празници „Илинден“.

С. Ивановски