СЕ Е ДО МЕНТАЛНИОТ СКЛОП НА ЛУЃЕТО ЗА СОЗДАВАЊЕТО ДИВИ ДЕПОНИИ

јули 5, 2022
0 min read

Жителите на Кочани кои што живеат под улицата „Крушевска’ во непосредна близина на една од старите кули мака мачат последните години со т.н. комшии, поточно на жителите од улиците „Коста Рацин“, „Ударничка“, „Шукри шаин“ па и „Крушевска“.

Честопати во непосредна близина на нивните домови и дворови преку ноќ се создаваат депонии на кои може да се најде се и сешто.

Деновиве ни раскажуваа дека навистина таквиот арогантен однос од поединци ги преминува сите граници, и доколку се случи тие да ги забележат и да ги опоменат по ден или два нивните кровови се „бомбардирани“ од камења а не ретко им ги кршат и прозорците.

Како досега никој не сакал да им помогне  на мислење се сами да ја земат правдата во свои раце.

Искрено се надеваме дека сепак кај нивните комшии ќе почне да преовладува разумот и дека ваквиот чин на создавање диви депонии ќе стане минато, бидејќи сите сакаме да живееме во чисти и нормални услови.

С. Ивановски