СМЕТОТ СОБРАН, ДО КОГА ЌЕ ИЗГЛЕДА ВАКА ПРОСТОРОТ ОКОЛУ КОНТЕЈНЕРИТЕ?

јануари 12, 2023
0 минути

Добивме неколку фотографии од „Пониква“ поточно од просторот кој деновиве беше затрупан со смет. Што посетителите на „Пониква“ што коњите пуштени слободно да се шетаат по планината се покажа дека се главните причинители на грдата слика.

Како што ни јавуваат, од утринава екипи од КЈП „Водовод“ го собрале сметот, најпрвин ја исчистиле околината а со второто качување од контејнерите го собрале преостанатиот смет  и контејнерите ги постават онаму каде што им е местото.

Сепак нашиот извор на кого му благодариме за фотографиите јавно прашува „До кога ќе изгледа вака чисто просторот“?

С.  Ивановски