Изминатите два дена (Понеделник и Вторник) се одиграа два натпревари во рамките на годинешните Илинденски Спортски Игри „Чешиново 2022“.
Најпрвин младинскиот состав на „Осогово“ во една мошне импресивна и преди се ефикасна игра го декласираа „Спанчево“ собладувајќи го со 6:1. Но доколку младите „жетвари“ беа посмирени во завршницата на акциите можеа да постигнат уште најмалку толку голови.
Вториот натпревар „Чифлик“ – „Жиганци“ заврши без победник. Конечниот резултат од 1:1 зборува за еден тактички одигран натпревар од обете екипи во кој шансите можат да се избројат на прстите од една рака.
Натпреварот „Карбинци“ – „Чешиново“ кој го привлекува вниманието на љубителите на фудбалот е закажан за денес (Среда) со почеток во 18:00 часот.
С. Ивановски