ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ИЛИНДЕН ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЉУПЧО ПАПАЗОВ

август 1, 2022
0 минути

По повод големиот македонски празник Илинден – Денот на Републиката, кога се одбележуваат 119 години од Крушевската република и 78 години од Првото заседание на АСНОМ, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов упати честитка до граѓаните.

„Од мое име и од името на Општина Кочани ви го честитам Илинден и посакувам тој да остане светилник и патоказ на нашата истрајност и себепрепознавање. Темелникот на нашата државност нека нѐ потсетува на вековниот непокор и нека ги јакне сплотеноста и соживотот. Нека ни е честит и вековит Илинден“ се вели во честитката од градоначалникот Папазов.

Општина  Кочани